“Драга доџи кучи” нов кавер од Антонио Пејоски (Амадеус бенд)

Младиот поп-рок пејач Антонио Пејоски заедно со својот бенд, неодамна на македонската публика им го претстави најновиот кавер снимен за баладата “Драга доџи кучи” од познатата српска група Амадеус бенд. Тие оваа песна ја снимија во сосема поинаков аранжман, односно, баладата ја снимија во рок изведба. Снимањето и комплетната аудио обработка е дело на самиот пејач, додека пак видеото е во режија на Борче Димовски, односно, Digital Box. Како што дознава Музика24, видеото комплетно се снимаше на летната сцена “Сиеста” во склоп на Домот на културата во Струга.

“Мило ми е што преработката веќе е одлично прифатена и има солиден број на прегледи на YouTube. Следно на што работиме со мојот бенд е наша авторска песна која планираме да ја објавиме на почетокот на пролетта”, вели Антонио Пејоски.

Инаку, Антонио со својот бенд освен што е познат ширум Македонија со своите редовни свирки и забави, често можат да се видат и во Косово и Грција, каде по тамошните ноќни клубови и дискотеки ги забавуваат своите фанови и обожаватели, како и новата публика.

Како звучи каверот, слушнете и погледнете во продолжение…

Повеќе на Музика24...