Емотивно и оргинално – Филип Пешевски сними кавер за безвременската “Вјеруј у љубав” (Видео)

Неодамна Ви го претставивме и воедно Ве запознавме со едно симпатично, младо, талентирано и пред се природно надарено музикално момче. Да, станува збор за Филип Пешевски кој после настапот на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест” и промовирањето на видео спотот за макфестовската “Кукло моја несудена”, токму на 1-ви јануари, како новогодишен подарок на сите свои фанови и оние кои го сакаат и почитуваат, им го подари предобриот и оргинален кавер за одличната, емотивна и безвременска балада на Оливер Драгојевиќ “Вјеруј у љубав”.

Иако знаевме дека подготвува кавер за една од песните на Драгојевиќ, сепак мудро си молчевме. Но, она што можевме да го забележиме како готов производ (аудио и видео), едноставно можеме да кажеме дека е чекор до најдоброто нешто што во моментот постои на македонска музичка сцена, а може да отпее вака тешка и емотивна балада. Тоа не го може секој, нели.

Видеото за “Вјеруј у љубав” која што Филип Пешевски сам ја изведува на пијано го реализираше Blackmagic продукција, а со самиот кавер, Филип ни ја најавува и неговата втора песна која што треба наскоро да ја промовира во македонскиот музички етер. Но за тоа, кога ќе дојде време. Што се однесува до новостите и настапите со “Арија Бенд” каде тој е вокал на групата, глава не можат да кренат од настапи.

“Во Новата година ви посакувам да верувате во повеќе ЉУБОВ, бидејќи единствено со помош на љубовта и пријателството можеме да создадеме илузија бар на момент да не сме сами. Се што ви е потребно е само љубов, таа ќе ве направи среќни и храбри”, порача младиот Филип, воедно заблагодарувајќи се за големата поддршка во изминатата 2018-та и честитајќи ја Новата 2019-та година.

Во продолжение, со задоволство Ви препорачуваме да ја слушнете и да го погледнете видеото за “Вјеруј у љубав” во изведба на младиот поп пејач Филип Пешевски. Уживајте!

Повеќе на Музика24...