Филип Василевски ја препеа хитовската “Сонце не ме грее” (Видео)

Неодамна пишувавме за ова младо и веќе докажано момче, овој одличен глас и пејач за кој што допрва ќе се слуша. По неговиот настап во “Ѕвездите на Гранд” и неговото симпатично и интересно трамаџиско пеење со кое што влезе во вториот круг, каде негов ментор ќе е препознатливата Марија Шерифовиќ, Филип продолжува да ги изненадува своите фанови, како и сите останати кои го следат од Македонија и Балканот.

Тој заедно со својот најдобар пријател Маријан Петрески емотивно и токму онака како што треба, да препеа и долови веќе добро познатата хит песна на Влатко Лозановски “Сонце не ме грее”. Искрено на Филип му препорачуваме ова да биде една од неговите песни со кој тој ќе настапи во иднина на сцената на големото балканско музичко талент шоу, а додека се случи вториот круг и повторното настапување на Филип, со задоволство Ви препорачуваме да го погледнете и слушнете неговото кавер издание на песната која и ден денес е голем хит.

Уживајте!

Za ubav den! 😁 Pozdrav od mene i mojot brat Marjan Petreski 🎙🎸🎶😎❤

Gepostet von Filip Vasilevski am Samstag, 2. November 2019

Повеќе на Музика24...