Како што дознава музичкиот портал Музика24, неодамна нашата позната македонска фолк пејачка Елена Јовческа сними кавер, односно, ја преработи хит песната од Драган Вучиќ “Ке те ќарам”. Оваа песна своевремено беше голем хит во Македонија, а истата беше и преработувана и препеана на многу јазици низ Балканот.
По тој повод, музичкиот портал Музика24 исконтактира со фолк пејачката Јовческа, а што таа ексклузивно за изјави, прочитајте во продолжение:
“Песната ми се допадна многу одамна и затоа одлучив да снимам кавер. А пред се голема чест ми е што една таква песна ќе продолжи да живее, бидејќи сепак е испеана од голем ќовек како што е Драган Вучиќ. Јас сум во роднинска врска со семејството Вучиќ, затоа и ми е чест што се испадна вака и што имам прекрасни коментари за самата изведба. Можеби во идниот период би снимила уште некој кавер, меѓутоа, тоа ќе биде нешто софиостицирано и модерно”, изјави младата македонска фолк пејачка за Музика24.
Инаку, видеото за оваа позната македонска песна е снимено во Белведере – Охрид, а истото е реализирано од страна на професионалниот тим на ИНТВ продукција.
Во продолжение, уживајте!