Гитаристот Дамјан Пејчиноски сними видео за песна од новиот албум на Каролина (Видео)

Познатиот и популарен македонски музичар и гитарист Дамјан Пејчиноски неодамна за време на посетата во Цирих, Швајцарија сними видеоспот за хит песната “Ти не дојде” од Каролина Гочева, песна дел од нејзиниот последен студиски албум “Извор” под реден број 11. Но, овој пат младиот музичар ни ја доловува оваа позната и популарна песна отсвирена на гитара. “Истите гитари се и на песната со вокалот, со пеењето на Каролина, овој пат без вокал и другите инструменти од аранжманот”, вели Пејчиноски ексклузивно за Музика24. Како звучи оваа инструментална верзија на познатата песна од Каролина, слушнете и погледнете во продолжение. А за тоа што и како овој млад гитарист има создадено и отсвирено досега, погледнете на неговиот YouTube канал, со клик на: Damjan Pejcinoski YouTube channel. Подготви: Виолета Трајковска
Повеќе на Музика24...