“Интервал Бенд” е името на новата музичка група која ни доаѓа од градот херој, градот под Марковите кули – градот Прилеп. Како што самите тие велат за нашиот музички портал, од неодамна функционираат заедно, а за многу скоро време најавуваат и своја авторска песна и видеоспот.
“Интервал Бенд” го сочинуваат млади и веќе докажани музичари, Мартин Стојаноски (вокал), Мирослав Ѓорѓиоски (тапани), Александар Трајкоски (клавијатури), Антонио Стојчески (кларинет) и Горан Цветаноски (клавијатури).
Прилеп е дефинитивно побогат за уште една музичка група, со млади и докажани музичари кои работат, творат и пеат македонски песни. Во продолжение преслушајте ја нивната изведба на легендарната песна “Се ми земаш животе” од Пепи Бафтировски.