Covers

24 Covers: Кире Филиповски-Кико – “Рано је” (Саша Ковачевиќ)

Момчето кое што сите многу добро го запознавме од музичкото тв шоу “Пинкови ѕвезди” Кире Филиповски-Кико и покрај многубројните снимени ковери досега, сепак, повторно Кико реши да ги изненади сите свои фанови. Тој неодамна сними ковер за песната “Рано је” од Саша Ковачевиќ, песна која што српскиот пејач ја промовираше кон крајот на месецот јуни. За оваа песна сеуште нема соодветна матрица, но и покрај тоа, младиот Кико се снајде и песната ја отсвири на својот омилен инструмент – гитарата. А како звучи најновата песна од Саша Ковачевиќ отпеана од момчето кое лесно и брзо се снаоѓа во музичките води, погледнете и слушнете во продолжение.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: