Covers

24Cover: “Кој да ми запее“ од Каролина доби инструментален ковер (Видео)

Познатиот хит на нашата дива Каролина Гочева “Кој да ми запее” доби инструментална преработка и видео запис кој ги покажува неоткриените убавини на Охрид и околината.

“Видео записот се снимаше седум недели. Снимањето го оствари Кристијан Љушев, монтажата
и режијата се на Влатко Дојчиноски, а моделот е Мартина Балеска. Гитарите се снимани во студиото на Гоце Симоноски. Исто така, огромна благодарност до Авалон продукција и Николче Мицески. Со музика се занимавам веќе долго време, настапувајќи како соло гитарист и со бенд. Други мои преработки може да се најдат на мојот официјален You Tube канал. Веднаш започнувам со работа на мојот прв авторски албум кој ќе се состои од нумери во етно-рок и блуз фазон, а исто така имам и соработки со познати македонски изведувачи кои не би сакал да ги именувам, додека официјално не се формираат тие проекти”, вели младиот Мартин Милески.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: