Covers

Лина Пејовска ја препеа безвременската “Крив си сам” (Аудио)

Дали се сеќавате на безвременските хитови од 90-те “Пред да заспијам”, “Забава до бесвест”, “Ноќна кралица”… тоа беа песни со кои многу генерации пораснаа, а истите се и ден денес големи хитови, безвременски хитови. Во тоа време не постоеше така наречениот аутотјун ефект, немаше песни кои беа без поента и глупави, со ефтини рими и пејачи и таканаречени ѕвезди кои денес ги има утре никој не знае каде се наоѓаат.

Една од тие безвременски песни е и познатата “Крив си сам” која што ја испеа Снежана Џеповска. И после толку години откако оваа песна излезе, таа и ден денес претставува голем хит на македонска музичка сцена, а тоа го докажуваат Раде Врчаковски-Врчак, Роберт Билбилов и Лина Пејовска кои што започнаа таканаречена акција каде што тогашните стари и познати хит песни денес ги препејуваат младите и веќе докажани музички имиња во сосем нов аранжман, а верувајте звучат навистина предобро.

Како тоа звучи оваа песна во изведба на Лина Пејовска, слушнете и самите во продолжение:

Лина Пејовска – “Крив си сам”.

Можеби ќе ве интересира: