Covers

Македонскиот бенд “2Be” има нова преработка, овој пат тоа е дует со Глоридие Тузолана

Македонскиот бенд “2Be” има нова преработка, овој пат тоа е дует со Глоридие Тузолана (Gloridie Tuzolana) од Франција. После сите направени преработки на забавна музика овој пат тие се одлучија за малку поинаков стил од тоа претходно и направија преработка на македонска народна песна со малку поинаков аранжман.

“За Глоди ова е прв пат да пее на Македонски јазик и му е навистина чест и задоволство, тој од првото слушање ја запомни мелодијата и ја снимивме во рок од половина час””, велат од бендот. Тие исто така најавија дека ова е само почеток и дека ќе следуваат уште многу преработки, и секако уште многу нивна авторска музика.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: