Младата поп пејачка Лина Пејовска сними дует со Фатмир Сулејмани (Видео)

Неодамна младата и се популарна македонска поп пејачка Лина Пејовска сними уште еден кавер, овој пат со познатиот босански пејач Фатмир Сулејмани. Станува збор за песната “Од најгорих најбољу” која што во оргинална изведба ја пејат Лана Јурчевиќ и Лука Нижетиќ. Аудиото и видеото се снимени во студиото на еден од најпознатите и најперспективни музичари во изминатиот период Амил Лојо.

Инаку, Лина изминатиот период во нашата држава е актуелна со песните: “Нема” песна која што ја изведе на овогодинешното издание на “Макфест” и неодамна промовираше и видео спот за истата, како и хитот “Топло-Ладно”.

Во продолжение, уживајте во новиот кавер на Лина и Фатмир.

Повеќе на Музика24...