И двајцата се млади, и двајцата се од Битола. Имаат огромна љубов кон музиката и досега имаат снимено голем број на кавери. Повеќето од нив се аматерски, но тоа не е ни важно кога станува збор за Наталија Маневска и Мартин Стефановски кои песните секогаш ги пеат со емоција и тие секогаш ги доловуваат и звучат речиси совршено.
Ова е нивна прва соработка, односно, прв дует на светски позната песна, а станува збор за песната “lovely” од Billie Eilish и Khalid.
За нивната прва соработка и новиот кавер каверот тие велат:
”Овој дует беше едно ново и одлично искуство во кое вложивме многу труд и љубов. Мислам дека ја доловивме емоцијата која што е многу важна во еден дует и балада како што е оваа. Се надевам дека ќе уживате во оваа наша изведба”, изјави Мартин.
”Ова беше мојот прв дует и беше доста забавно да се сними. Нашето другарство и посветеноста која што ја имаме резултираа со реализирање на овој проект. Со многу работа и смеа испадна ова дело во кое се надевам дека ќе уживате”, додава Наталија.
Видео спотот за овој кавер пак, е дело на Турион продукција која се погрижија се да биде во најдобар ред. За крај на ова запознавање со овие двајца млади македонски музичари, со задоволство ќе ви предложиме да одвоите неколку минути и да го преслушате и погледнете видеото за нивниот прв заеднички кавер.