Covers

Мора да преслушате: Бојан Дамјаноски со одлична кавер-верзија на “Dance With Somebody” (Видео)

После одличната кавер-верзија на “Thinking Out Loud” на Ed Sheeran, пејачот и гитарист Бојан Дамјаноски изминатиов период работеше и на втората негова кавер-верзија. Овој пат станува збор за светскиот хит “Dance With Somebody” на Mando Diao.

Како и минатиот пат, така и овој, Бојан подготви и видео за новата кавер-верзија. Покрај Дамјаноски, во видеото се појавува и гитаристот Андреја Салпе со кого настапуваат заедно, тука е и Ѓоко Срезоски на бас гитара, Симона Стојкоска задолжена за бек-вокалите и Оливер Стојкоски одговорен за тапаните. За одличниот звук, но и аранжманот на оваа кавер-верзија беше задолжен Христијан Ѓорѓиевски. Како режисер на видеото се потпишува Марио Манески. Инаку за кратко време во етер треба да се објави уште една кавер-верзија, но до крајот на јуни Дамјаноски ветува и негова авторска песна за која вели дека ќе биде нешто неочекувано и интересно.

Погледнете го видеото за нумерата “Dance With Somebody”:

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: