Covers

На зајдисонце во Хрватска, Дамјан Пејчиновски и Roberto Tiranti со безвременска изведба на „Caruso“ (Видео)

Познатиот македонски гитарист со светска слава Дамјан Пејчиновски, заедно со еден од најдобрите вокали во Италија Roberto Tiranti, кој што има настапувано со имиња како Eros Ramazzotti и Gianni Morandi, на зајдисонце на островот Шолта во Хрватска снимија безвременска изведба на незаборавната „Caruso“ од Lucio Dalla.

„Caruso“ – една од најубавите италијански песни во Martinis-Marchi марината. Беше вистинско задоволство да се настапува овде два дена со мојот пријател и неверојатен пејач Roberto Tiranti. Тој е еден од најдобрите гласови во Италија, со неверојатен опсег на гласот. Има настапувано со имиња како Eros Ramazzotti, Gianni Morandi, прогресив рок бендот Labyrinth и многу други“, изјави Дамјан Пејчиновски.

Италијанскиот пејач и автор Lucio Dalla ја напиша „Caruso“ во 1986 година и е посветена на познатиот италијански тенор Enrico Caruso.

А во продолжение, Ви предлагаме да ја слушнете оваа изведба на безвременската „Caruso“.

Можеби ќе ве интересира: