Позната турска пејачка со одлична изведба на македонската народна песна “Елено ќерко” (Видео)

Деновиве беше промовирана нова верзија на песната “Елено ќерко’’ која ја изведува турската пејачка Gül Özgüner Altın на аранжман на младиот басист Иван Кукиќ, син на познатиот музички пар од Струмица Ленче и Горан Кукиќ. Музиката и видеото со настапот на Иван, се снимени во студиото “202” во Струмица, додека гласовите и видеото турската пејачка Алтин ги има снимено во студио во Турција.

„Соработката за снимање на ова стара македонска песна излезе случајно. Јас и Ѓул сме пријатели на Инстаграм и одвреме-навреме се допишуваме и најчесто зборуваме за музиката. Таа многу ја сака нашата македонска песна и така дојде до идеја да снимиме една македонска песна. И ја предложив „Елено ќерко“, многу и се допадна. Го направив аранжманот, ги снимивме гласовите, го направивме миксот и така излезе и видеото“, изјави Иван Кукиќ за порталот СтрумицаНет.

„Далечината не нè спречува да правиме заедно музика… Снимивме и подготвивме видеа во нашите земји, со мојот македонски музичар, пријател Иван Кукиќ, кого го слушам со восхит и уживав многу во правењето музика заедно“, вели турската пеачка Gül Özgüner Altın.

Меѓудругото, младиот басист вели дека следуваат и други традиционални македонски песни снимени со турската пејачка, со нејзиниот прекрасен глас, а кои музички ќе ги дотерува во неговото студио во Струмица.

Подготви: Александра Блажевска

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com