Covers

Саксофонистот Горан Папаз го преработи хитот на Тоше Проески “Го молам ноќва небото“ (Аудио)

Познатиот македонски саксофонист Горан Папаз кој е познат по многубројните композиции кои се авторски, и дел од нив преработки, неодамна го промовираше своето ново дело, односно, праработката на големиот хит од Тоше Проески “Го молам ноќва небото“. Тој за оваа прилика изјави:

“Како продуцент и гитарист на песната се потпишува Танче Гроздановски, пијаното го отсвире Иван Еминовиќ, а вокалот е на Андреа Гроздановска. Маестро Григор Копров кој е автор на музиката и еден од најдобрите текстописци кај нас, Огнен Неделковски, несебично дадоа дозвола за да се направи оваа преработка. Песната се снимаше во студиото Гроздановски“, соопшти Папаз.

Како звучи инструменталната преработка на хит песната од Тоше, слушнете во продолжение:

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....