Covers

“Скандал састаф” со нов кавер и најава за жешко музичко лето (Видео+Фото)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, познатиот и популарен “Скандал састаф” повторно се активира и се враќа со одличните и незаборавни ноќни забави, свирки и настапи низ Македонија, кои и ден денес се прераскажуваат. По тој повод, тие подготвија кавер верзија на неколку познати екс ју песни, кои веруваме сите добро ги знаете.

https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=V2ftxQOc3WU&fbclid=IwAR1fsSiXEL57za8_g93dPp8ZB9Asn3YYIYcv-538HN_zU7xb3McH9bdbXF8

“Спотот за кавер песните е снимен во “Дома продукција” кај Симон, истиот е работен на Green Sreen chroma, додека аудио миксот е подготвен во моето студио”, изјави за Музика24 вокалот и фронтмен на “Скандал састаф”, Славиша Кибровски.

Поради коронавирусот и сето она што се случуваше во изминатиот период тие не беа во можност да настапуваат и било каде да се појават, но, бидејќи здравствената состојба во Македонија е речиси стабилна, “Скандал састаф” најавува многу настапи по македонските дискотеки, ноќни клубови и кафулиња, каде фановите со нетрпение ги очекуваат. Тоа е воедно и прилика и можност вие да се забавувате со нив, и да имете незаборавна летна вечер која долго време ќе ја паметите. Тие велат дека сите оние семејни забави, прослави, свадби… сето она што беше закажано, но нереализирано поради Ковид-19, ќе се реализира во текот на ова лето.

Славиша Кибровски освен со “Скандал састаф”, се појавува и во телевизискиот проект “Опуштено” на Тони Михајловски кој што се емитува на националната Алфа телевизија заедно со Нина Јанева Николовски и Боби Серафимовски како музичка поддршка на истиот.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....