17-годишната Славица Ангелова ги отпеа најпознатите рефрени на “ДНК” (Видео)

Таа неодамна се натпреваруваше во музичкото тв шоу “The voice” во соседна Бугарија, а веќе денес има снимено видео со неколку познати рефрени од македонската група “ДНК” каде на свој начин им покажа на останатите како треба да се отпее познат рефрен, омилената строфа или песна.

Андеј и Панчо од “ДНК” пак, задоволни од она што и самите го имаат видено кај оваа млада девојка, го постираа видеото сакајќи да им покажат на останатите дека сепак во Македонија има млади таленти кои вистински знаат да го отпеат она што го сакаат.

Во продолжение, погледнете го каверот од неколку познати реферни од познатата македонска група “ДНК”.

Славица & Христијан cover

Слушнете го овој одличен спој, изразен преку кавер изведбата на рефрените од: “Север и Југ”, “Срце”, Што сака нека биде”, “Авион” и “Горе или доле”. Ваквите моменти се наша инспирација! Slavica Angelova и Hristijan Angelov, заслуживте едно ОГРОМНО БРАВО од нас, а од сите наши фанови заслужувате ШЕР и ПОДДРШКА за Вас и ова прекрасно видео 🙏#support_your_local_artists 🇲🇰 #музика

Gepostet von DNK am Dienstag, 6. August 2019

Повеќе на Музика24...