После 15 години од оригиналната изведба на “Тетово Фолк Фест”, песната „Распукај срце ко Шар планина“ од Наум Петрески доби кавер-верзија од талентираниот Христијан Тришоски. Покрај Христијан како вокал, во преработката на оваа преубава песна своја улога имаат и врвните музичари Бојан Кузманоски (клавијатура), Даниел Божиноски (кларинет), Филип Михајлоски (канон).
Видеото го сними Александар Тришоски во кичевскиот локал „Република“. А во продолжение, со задоволство ви предлагаме да ја слушнете изведбата на нашиот талентиран Христијан Тришоски: