Covers

“Тhe G Notes” со ковер преработка од Пинк (Видео)

Многумина ќе се запрашаат зошто се одлучивме за овој интересен музички пар, сепак како музички портал секогаш ги користиме добрите т.н. “ресурси” на добри изведби, па и овој пат се одлучивме за познатото дуо од Гевгелија, поточно Теодора и Глигор Гошеви кој заедно го сочинуваат “G notes” тие пред извесно време во етер промовираа ковер преработка на познатата композиција “Try” од Пинк која во придружба и вокал дадоа свој шмек на самиот сингл.

Имено тие како дуо постојат веќе 4 години и нивниот репертоар е за сечие уво, па затоа нивните настапи се вистинска прилика да се ужива во нивниот перформанс. Во продолжение, уживајте во неколку минутното видео за кое сигурно ќе ги запаметите по нивната несекојдневна изведба, а во иднина тие подготвуваат уште едно интересно музичко парче за кој ќе остане “слатка тајна”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: