“Во коси да ти спијам” отпеана од Каролина, Вера Љубојна и актерите од “Преспав” (Видео)

Секогаш е убаво чувството и буди одредени емоции кога ќе слушнеме некоја од песните на нашиот Тоше Проески. Овој пат, за време на новогодишната програма имавме ретка, но сепак, убава и интересна прилика да ја слушнеме песната, една од најголемите хитови на Тоше, “Во коси да ти спијам”.

Овој пат отпеана од Васил Зафирчев, Тијана Дапчевиќ и Јелена Јованова, актери и дел од ситкомот “Преспав”, а на нив друштво или музичко засилување им беа, Каролина Гочева и Вера Милошевска од групата “Љубојна”.

Како звучи овој музичко-актерски состав изведувајќи го овој преголем македонски хит, погледнете во продолжение.

Во коси да ти спијам- "Преспав"

Во коси да ти спијам – ја снимивме специјално за новогодишната епизода на "Преспав" заедно со Верче-Љубојна, Тијана, Јелена и Васко <3

Gepostet von Karolina Goceva am Mittwoch, 2. Januar 2019

Повеќе на Музика24...