Фестивали

10то јубилејно издание на фестивалот “Музика од светот”

Од 16 до 18 ноември во Битола ќе се одржи јубилејното 10то издание на интернационалниот фестивал “Музика од светот” чиј организатор е Центарот за култура – Битола. Фестивалот ќе почне со македонската група “Синтезис”, публиката ќе може да види и еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе биде групата “Фламенко Екос” од Куба.

Селектор на програмата е Оливер Јосифовски. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Битола. Во продолжение подолу, имате можност да ја прочитате целосната програма на фестивалот.

Комплетна програма на фестивалот “Музика од светот” :

Синтезис
16 ноември 2018 година (петок) – 20.00 часот,
НУ Центар за култура – Битола (голема сала)

The Quartet
17 ноември 2018 година (сабота) 20.00 часот,
НУ Народен театар – Битола.

Flamenco Dance Company ECOS, CUBA
18 ноември 2018 година (недела) – 20 часот
НУ Центар за култура – Битола (голема сала)

OFF PROGRAM

16.11.2018 година (петок)

Промоција на монографија “20 години музичко постоење на Синтезис”
и промоција на албумот “Остров”
НУ Центар за култура – Битола (фоаје)
21.30 часот

Концерт на DJ Maci и пријателите
Клуб Јагода
22.00 часот

17.11.2018 година (сабота)
Концерт на “In The Mood”
Клуб Камарите
22.00 часот

18.11.2018 година (недела)

Концерт на “Cubano Quintet”
Порта Џез
22.00 часот

Можеби ќе ве интересира: