Фестивали

14 DJ-и од регионот со забава од пладне до зори на плажата во Дупени

Фестивалот „Meet Prespa“ оваа година се случува по четврти пат, а на журката на плажа Дупени ќе настапат 14 DJ-и од трите земји кои ги делат водите на Преспанското езеро. Започнува во 12:00 на пладне, а траe до магичното изгрејсонце утредента кое може да го дочекате во друштво на преспанските пеликани.

Во меѓувреме, сите гости гурмани од 17:00 часот ќе можат да го посетат и селото Брајчино во падините на Пелистер, на само 8 километри од плажа Дупени. Тука, своите кулинарски знаења ќе ги презентираат угостители и чувари на тајните на преспанските традиционални рецепти, а вие ќе уживате во традиционалната преспанска храна и земјоделски производи. За првпат, учесниците од грчкиот дел на Преспа ќе го презентираат познатиот џиновски грав, а од Албанија ќе може да го пробате далеку прочуениот, природен мед. А домаќините од преспанските села ќе ги понудат своите најдобри специјалитети како зелник, цирони, сушен крап, чадено месо и колбаси и многу други домашни јадења.

Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници! За сите заинтересирани посетители од околината, организаторот ќе обезбеди бесплатен превоз и тоа од Битола и Ресен до Плажа Дупени и с.Брајчино и назад. Влезницата за музичкиот дел од програмата во предпродажба чини 200 денaри на самиот влез ќе чини 300ден., а средствата собрани од истите ќе се наменат за реализација на проекти во функција на развојот на Преспа.
Фестивалот „Запознај ја Преспа/Meet Prespa“ е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Организатори се HBO Преспа ГРАД и Општина Ресен.

Можеби ќе ве интересира: