Adriatique на “Green Beach Festival” во Струга (Фото)

Најпознатиот фестивал за електронска музика кај нас го најавува своето јубилејно, десето издание кое по овој повод повторно ќе се одржува со дводневен програмски концепт на 1-ви и 2-ри август – два дена резервирани за најголемата журка ова лето на фестивалската локација кај хотел “Еуротел” во Струга.

По девет незаборавни изданија покрај Охридското Езеро, “Green Beach Festival” како синоним за најквалитетно електронско доживување кај нас ја продолжува традицијата на претставување на врвните уметници од светската сцена во зенитот на нивната кариера и премиерно во земјава. Оваа карактеристика на фестивалот, со својата кариера и тоа како ја исполнува првиот изведувач кој го потврди своето гостување на јубилејното издание: едно од највозбудливите имиња на светската сцена во моментов, техно/хаус тандемот Adriatique.

Зад Adriatique стојат двајца уметници – Адријан Шала и Адријан Швајзер, кои како веќе етаблирани швајцарски диџеи се запознаваат во 2008-ма година во Цирих, веднаш спријателувајќи се и започнувајќи да творат под името со кое изградија кариера како еден од најконзистентните и најдобрите диџејски и продуцентски тандеми на техно и хаус сцената.

“Вооружени” со своите свежи изданија, Adriatique доаѓаат премиерно во Македонија на 2-ри август (петок) со настап на втората вечер на “Green Beach Festival” во Струга. Наскоро, ќе биде објавен и хедлајнерот за отворањето на фестивалот, како и деталите за продажбата на фестивалските влезници.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.