Фестивали

Apocalyptica доаѓа во Скопје за отварањето на 26-от Таксират Фестивал

Една од најжестоките светски лајв атракции, symphonic metal бендот Apocalyptica доаѓа во Скопје за отварањето на 26-то издание на Таксират Фестивал, соопштија организаторите.

Ова е нивната досега најатрактивна и најголема светска турнеја со наслов „Apocalyptica Plays Metallica Vol.2“, а кај нас ќе бидат гости на 29-ти ноември во „Борис Трајковски“. Спојувајќи ја класичната музика со хеви метал како никој досега, Apocalyptica за кратко време станаа светска атракција!

Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот. На нивните албуми гостувале: Sandra Nasic od Guano Apes, Dave Lombardo (Slayer), Ville Valo (HIM), Lauri Ylönen (Rasmus), Till Lindemann (Rammstein), Corey Taylor (Slipknot), Adam Gontier( Three Days Grace), Gavin Rossdale (Bush) и многу други.

Годинава Таксират не слави ништо, но секогаш треба повод за добри концерти. Ова е само почеток!

Не заборавајте, 29.11.2024, „Борис Трајковски“ – Скопје. Влезниците ќе бидат во пуштени во продажба од петок во 10 часот, преку продажната мрежа на MkTickets.

Можеби ќе ве интересира: