Фестивали

Авалон продукција го одложи „Rap & Trap Festival“ за 2022 година

Фестивалот „Rap & Trap“ кој е наменет за популација која е претежно од 14 до 20 години. Па токму поради тоа, во актуелната ситуација во почетокот на учебната година, иако се земе во предвид дека таа популаија не се вакцинира, одлучено е овој проект да се одложи за јуни идната година.
“Аргументите коишто цврсто одеа во прилог нашата одлука да биде ваква за „Rap & Trap“ се контра другите два проекта „Skopje Sounds Good“ и „Skopje Calling“, па поради тоа ве известуваме дека овие два евента со фул најавениот лајн-ап ќе се одржат, со само една промена, а таа е во датумот на одржување на Skopje Sounds Good којшто наместо на 8-ми ќе биде на 9-ти септември, на истата локација. Под актуелните протоколи за јавни настани, се гледаме на „АРМ“ на „Skopje Sounds Good“ на 9-ти септември со Buč Kesidi, Nipplepeople, Funk Shui и Svemirko, на “Skopje Calling” на 10-ти септември со MEDUZA, Nancie, Cyrillic и Chris J и на 11-ти септември со VINI VICI, Maurice West, Galoski и Jana Slayy.
Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: