Фестивали

Бејби Лазања: Изненаден сум колку сум среќен, мислев дека ќе бидам потажен

„Изненаден сум колку сум среќен. Мислев дека ќе бидам потажен затоа што сепак изгубивме, но воопшто не сум тажен, навистина сум среќен“, вели Бејби Лазања, кој ја отпеа „Рим Тим Таги Дим“, вчера, на 68-от Избор за песна на Евровизија одржан во Малме.

За прв пат во историјата на Хрватска го освои второто место на ова натпреварување.

Победи Швајцарија, чиј претставник Немо со песната „The Code“ освои вкупно 591 поен (365 поени од жирито и 226 поени од публиката). Тимот на „Рим Тим Таги Дим“ освои 547 поени (210 од жирито и 337 од публиката).

„Мислам дека дадовме се од себе и публиката покажа дека сепак направивме нешто добро. Мислам дека можеме да се гордееме со ова второ место. Горд сум на тоа. Не изневеривме, сè беше направено точно како што замисливме. како што требаше“, вели Бејби Лазања – миленик на публиката кој доби најмногу гласови од неа на Евровизија.

Можеби ќе ве интересира: