Фестивали

Baby Lasagna пречекан од своите фанови се расплаче на Градскиот плоштад, а публиката скандираше: ”Марко, ние те сакаме!” (Фото)

По пристигнувањето на аеродромот, хрватскиот евровизиски претставник Baby Lasagna пристигна на Градскиот плоштад во Јелачиќ и тука всушност и ја даде својата прва изјава. Тој излезе на бината и започна:

”Сега би требало нешто да кажам. Очекував 20 луѓе на аеродромот и околу стотина таму… Ви Благодарам премногу“, почна да зборува, а веднаш потоа и се расплака. Неговиот бенд и танчерите брзо му се втурнаа во прегратка.

”Не знам еве, дадовме се од себе, се надевам дека го забележавте тоа, благодарение на мојот тим, се надевам дека го докажавме тоа. Никој од нас нема над 32 години, работевме сами, земавме одмор од работа…”, додаде тој.

”Не знам што повеќе да ви кажам. Благодарам!!!”, а веднаш потоа ја отпеа евровизиската Рим Тим Таги Дим а публиката заедно со него и пееше и играше.

Можеби ќе ве интересира: