„Скопско лето 2021“: Балетската претстава „Сви марш на плес“ на сцената на МОБ

Во рамки на 42-то издание на манифестацијата „Скопско лето“, Дирекцијата за култура и уметност со гордост ви ја најавува изведбата на балетската претстава „Сви марш на плес“ која ќе се одржи на 26-ти јули (понеделник) во салонот на Македонската опера и балет, со почеток во 20.30 часот.

Како што велат организаторите, во претставата учествуваат танчери и уметничка екипа од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Кореограф е познатиот и веќе докажан Игор Киров, драматург е Горан Головко, музиката е на групата „Бијело дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ. Балетскиот ансамбл го сочинуваат Бранко Митровиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ.

Балетската претстава „Сви марш на плес“ не води во измислен свет во кој песните на култниот екс-ју бенд „Бијело дугме“ стануваат основа за раскажување приказни за едно време и една генерација. Инспирација за атмосферата во претставата, танчарите добиле од спотовите на бендот – енергични, разиграни, целосно во духот на светските трендови на тогашната рок-сцена.

Балетската претстава ќе се одигра согласно протоколите за одржување на настани со ограничен број на публика. Продажбата на билети е он-лајн на karti.com.mk и пред почетокот на настанот по цена од 400 денари (галерија) и 500 денари (партер).

Генерален спонзор на манифестацијата е Град Скопје, поддржувач е Министерството за култура на Македонија, додека спонзори се Горска вода и Инфинити Енерџи ИТСС.

Подготви: Редакција Музика24

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com