Фестивали

Без причина но со убав повод – водителот на „Макфест“ Димитар Атанасовски ги почести новинарите

За време на макфестовските денови, пред генералната проба на втората фестивалска вечер, ние новинарите се собравме да се видиме, а воедно и да си споделиме информации во врска со „Макфест“ и што е она што би можеле вечерта да го очекуваме. Без причина но со убав повод, водителот на „Макфест“, Димитар Атанасовски направи навистина интересен и убав гест (ретко кој тоа денес го прави) и ги почести новинарите со пијачка.

Претходниот ден, петок 20-ти октомври, за време на првата фестивалска вечер како што и самиот изјави пред тв камерите и беше роденден на неговата сопруга, нашата позната македонска поп пејачка Сара Мејс. Поводот е убав, а иако малку доцниме и посакуваме среќен роденден на нашата Сара Мејс.

Можеби ќе ве интересира: