Фестивали

Биља Крстиќ приреди прекрасен концерт на Фестивалот на музика од светот (Фото)

Познатата српска пејачка Биља Крстиќ, придржувана од Камерниот оркестар на Битола под диригентска палка на Владимир Димовски, вчера одржа концерт на Фестивалот на музика од светот во Битола.
Музиката што ја изведуваше Биља Крстиќ беше фузија на традиционална етно музика, а капела песни и етно ритми со елементи на импровизација и современ музички пристап. Нејзината цел е да го преточи фолклорот во современа уметност, нејзините изведби да ги разбудат срцата и да ги препородат и да им даде енергија на заборавените емоции. Нејзиното искрено сценско присуство и прекрасен глас се потврдија со одличниот прием на повеќе од 200 концерти ширум светот, а конечно и во Битола.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....