“Blues & Soul Festival” во Скопје

Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од Дирекцијата за култура и уметност, овогодинешното издание на “Blues & Soul Festival” ќе започне на 12-ти септември и истото ќе заврши еден ден потоа, односно, на 13-ти септември. Оваа година фестивалското издание ќе се оддржи во култната “Станица 26”.

Во продолжение, погледнете што ќе се случува и кој се ќе настапи на “Blues & Soul Festival 2019”:

12 септември, почеток 21:00 часот

  • “Zippy Nappers” (GRC)
  • “Leon Hendrix & Fulvio Feliciano Band IN NAME OF JIMI” (ITA/USA)

13 септември, почеток 21:00 часот

  • “Török Fehér Duó ” (HUN)
  • “The Mole Pack” (MKD)

Билетите се веќе во продажба онлајн на https://www.karti.com.mk/ и билетарата на Станица 26 пред концерт. Фестивалот е поддржан од Град Скопје, Министерство за култура и Унгарската Aмбасада во Скопје. Музичкиот портал Музика24 е еден од медиумските покровители кои го поддржуваат “Blues & Soul Festival”.

Повеќе на Музика24...