Фестивали

Чистка во МРТВ, дали за Мери Попова ова беше последна Евровизија?!

Како што дознава музичкиот портал Музика24, неофицијално, на денешните интерни состаноци кои одговорните во МРТВ ги имале а се поврзани со неодамнешната Евровизија и сите оние случувања кои сакале или не се случија и се дел од истата, Шефот на македонската евровизиска делегација Мери Попова си дала отказ од таа раководна позиција и веќе никогаш повеќе нема да биде дел од Евровизија или пак дел од евровизиската делегација.

Според анонимните извори од МРТВ со кои контактираше Музика24, целата вина за се она што се случи во Торино и припаѓа на шефот на делегацијата, а македонската евровизиска претставничка Андреа нема да биде санкционира, бидејќи уште пред неколку дена Обвинителството излезе со став дека нема никаков елемент за обвинување или казна и тука завршува се.

Се надеваме и искрено веруваме дека од Македонската Радио Телевизија во ноември – декември кога и ќе започне процесот за Избор на нова евровизиска песна ќе смогнат сили и ќе состават силна, компактна и единствена евровизиска делегација на која што нема да и се случува она што се случување изминатите 14-15 години.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: