“Д Фестивал” со голема роденденска прослава во 2021 година (Фото)

Единствената фестивалска авантура “Д Фестивал”, веќе се подготвува за своите две наредни изданија – вонредно и јубилејно. Организаторите велат дека поради неможноста да го прослават десеттиот роденден како што му доликува со тридневна програма исполнета со многу музика, стотици уметници и креативци, повеќе бини, фестивалски камп и илјадниците најверни другари, големото, официјално роденденско издание го најавуваат за следната 2021 година, поточно од 2-ри до 4-ти јули.

“Највозбудливото фестивалско доживување ќе ни го овозможат синот на Bob Marley, jамајканскиот хип-хоп и реге артист Ky Mani Marley, панк-иконата и тапанарот на култните “Ramones” – Marky Ramone, балканските “Sonic Youth”, легендарното германско електронско дуо “Booka Shade” и харизматичната поетеса која ги освои срцата на домашната публика “ТЕЛЕМАМА”, а за неколку дена доаѓа и вториот бран на потврдени артисти за големото, роденденско издание на “Д Фестивал” во 2021-ва”, велат за Музика24 организаторите на фестивалот.

Сите кои имаат набавено билет за овогодинешното издание на “Д Фестивал” до 30.07.2020 година ќе можат со истиот да присуствуваат на две “Д Фестивал” изданија, и тоа на годинашното еднодневно, на кое ќе настапат и присутната публика ќе може да се дружи со “Суперхикс”, “Bernays Propaganda, LD Pistolero, Donplaya, Prince и Pluto’s Doubts, а и на наредното големо роденденско издание во 2021-ва година, ќе се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци. Билетите за овогодинашното еднодневно издание на “Д Фестивал” се достапни во продажната мрежа на MkTickets и Karti.com.mk.

Годинашното издание, симболично насловено “Д Фестивал и пријателите”, ќе биде посветено на локалните музички херои, со цел поддршка на македонската музичка сцена.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com