Фестивали

„Дајте музика“ ја одржаа првата проба: Ова се првите импресии (Видео)

Македонските претставници на Детска Евровизија, „Дајте музика“ ја одржаа својата прва проба на големата сцена во Париз. Пробите се затворени за поширока јавноста, но на нив присуствуваат претставници на специјализираните евровизиски портали кои веќе ги објавија своите први впечатоци.

“Она што го видовме всушност е многу позрело отколку што покажаа на спотот. Може да се види зошто „Дајте Музика“ се толку успешни во својот регион. Момците Филип и Миха го обезбедуваат најголемиот дел од вокалите, додека Анастасија и Кристина ја носат забавата со нивните танцови потези. Иако во последно време видовме многу песни за „спаси ја планетата“ на Детска Евровизија, ниту една не беше со ваков ритам и темпо кое те тера да заиграш. Нивните монохроматски облеки и замислени изрази не потсетуваат на сериозната тема без тоа да изгледа премногу проповеднички. Бидејќи настапуваат 18-ти, и е последната песна со темпо во шоуто, малку групна кохезија ќе ја направи оваа песна многу незаборавна”, вели од ESC Bubble.

https://www.youtube.com/watch?v=_J2MvxZs5BQ

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....