Фестивали

„Дајте музика“ претпоследни ќе настапат во Париз

Вчера вечер беше објавен целосниот редослед на настапи на Детската Евровизија 2021 година. По извршена ждрепка за да се одлучи во која половина ќе настапи секоја земја, како и земјите кои ќе го отворат и затворат шоуто ова е редоследот на настапи: Германија, Грузија, Полска, Малта, Италија, Бугарија, Русија, Ирска, Ерменија, Казахстан, Албанија, Украина, Франција, Азербејџан, Холандија, Шпанија, Србија, Северна Македонија, Португалија. Нашите претставници се 18-ти на редоследот од 19 учесници.

Детскиот избор за песна на Евровизија 2021 година ќе се одржи во „La Seine Musicale“ во Париз. За разлика од минатата година, сите делегации во нормални услови ќе можат да патуваат во градот домаќин. Значи, нема да има однапред снимени изведби.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....