На речиси три месеци од почетокот на официјалното овогодинешно издание на Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп или кај народот попознат како “Пивофест”, нема ниту глас ниту било каква информација за тоа што и како планира општина Прилеп околу “Пивофест 2023”.
Ако мината година пост-ковид фестивалското издание помина колку да се помине на редот, ние новинарите, а веруваме и сите останати соѓрагани на Прилеп и сите оние што го почитуват и редовно го посетуваат овој познат и препознатлив пивски фестивал, се прашуваат што и како ќе се случува годинава.
Ќе се запрашате зошто минатата година помина како “дно дна”?
Затоа што беше одбран несоодветен и аматрески организатор кој само го спушти ниво подолу стандардот на “Пивофест” кој со години беше граден и се знаеше што, кога и како. Многумина од изведувачите и ден-денес не се исплатени од страна на истиот тој организатор кој рака на срце не сакаме да го споменеме, а општина Прилеп сакала или не директно се впушти во чудна необјаснива игра во која ниту тие имаа одговори на нашите прашања, а истовремно беа тотално збунети. Едноставно само беа на страна на тој на кој што незнаеше ниту што и како треба да работи, ниту која е неговата функција и зошто е одбран како организатор да ги користи граганските привилегии и да ги троши буџетските пари.
На “Пивофест” досега настапиле голем број на познати македонски музички имиња, но и познати музички имиња од Балканот и регионот, меѓу кои ќе ги споменеме: Лепа Брена, Шабан Шаулиќ, Светлана Цеца Ражњатовиќ, Џеј, Наум Петрески, Елена Велевска, Здравко Чолиќ, Хари Мата хари, Дино Мерлин, Северина, Јелена Розга, Оливер Драгојевиќ, Петар Грашо, Ламбе Алабаковски, Ефто Пупиновски… и многу други, со што со право може да кажеме дека овој познат наш македонски пиво фестивал е веќе голем бренд и никој нема право тоа да го дискредитира и негира, како тоа што се случи минатата година.
Што се однесува до нас новинарите, ние како никогаш досега бевме дисквалификувани, отстранети, навредувани и игнорирани од страна на минатогодишниот организатор, како и делумно од општина Прилеп кои пак ќе споменеме беа на погрешната страна. А ние, кои со години и години го следиме овој познат фестивал на скарата и пивото во Прилеп, известуваме за истиот, за прв пат останавме со рацете во џеб и ниту имавме прилика да присуствуваме и да бидеме третирани онака како што реално и вистински тоа го заслужуваме. Затоа и минатата година толку и се пишуваше за овој локал фестивал (за жал – локал фестивал) и имаше т.н. пренос на некоја од тв станиците (всушност немаше ништо од сето ова), а сето тоа благодарение на оние кои појма си немаат од работата и мислат дека така требало. Ако така требало, верувајте, така ќе се функционирало со години, не уште од фебруари ќе се ангажираат и подготвуваат тимови, екипи и што уште не оние четири фестивалски дена да поминат навистина беспрекорно.
Се надеваме и веруваме, иако е можеби доцна, дека оваа година ќе видиме навистина одлична музичка програма како што тоа го заслужува Прилеп и дека истовремено оваа година ќе биде голем кам-бек на “Пивофест” со познати музички имиња кои во вистинска смисла ќе го вратат сјајот на овој фестивалски бренд. Се останато е крпење дупки, преливање од шупливо во празно и колку само да се одржи, а за жал парите се трошат и тоа во големи количини, а никој не го прашува народот што и кого сака да види веќе кога плаќа и дава пари за истото.