Фестивали

Дарко Димитров ќе работи на црногорската песна за Евровизија 2022

РТЦГ неодмана објави дека Владана Вучиниќ со песната „Breathe (Unforgivable)“  ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија. Пејачката го напишала текстот кој е на англиски јазик а музиката и аранжманот се доверени на Дарко Димитров.

Песната се очекува да биде промовирана кон крајот на февруари а се работи за балада, но моќна поп балада со филмски пијано момент. А ако треба песната да се опише со три збора: емотивно, моќно и меланхолично.

Мислам дека пораката треба да се слушне и надвор од Балканот, затоа се одлучивме за англискиот јазик. Размислувавме и песната да се снима на италијански поради тоа што евровизија се одржува во италија а за црногорска верзија се уште не сме се одлучиле. – изјави Владана.

Композиторот Дарко Димитров вели дека многу му се допаднала идејата за текстот и приказната и дека тоа го поттикнало да направи песна за Евровизија и оваа година.

Многу ми е важно нешто да ме понесе. Веднаш се вклопив во песната и мислам дека ќе имаме одлучувачки настап. Амбицијата е настапот да биде квалитетен. Колку помалку се надевате, толку е поголем успехот. – истакна димитров.

Дарко има богато евровизиско искуство. Тој претходно работеше на повеќе македонски песни за Евровизија но и за српските и албански претставници.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....