Дарко Релушкоски на “Пирин Фолк” со песна посветана на својата мајка (Видео)

Во пресред на музичкиот фестивал “Пирин Фолк” кој што годинава ќе се оддржи по 28-ми пат во градот Сандански во соседна Бугарија, меѓудругите натпреварувачи кои ќе ја претставуваат македонската народна песна, ќе настапи и Дарко Релушкоски кој што е роден во Прилеп.

Тој во 1997-та година се преселува во Бугарија за да студира на Медицинскиот факултет во Софија. Неколку години подоцна дипломира и на смерот Маркетинг. Професионално со музика се занимава од 2004-та година кога и потпишува договор со една од водечките музички компании во Бугарија “Ара Мјузик”. За прв пат на “Пирин Фолк” настапува во 2004-та година со песната “Срцето ми пее”. Како што и самиот тој вели, македонската песна му е во крвта и со секое учество пред публиката на “Пирин Фолк” во Сандански, за него преставува голема и вистинска радост.

Во репертоарот на Дарко има голем број на македонски песни, вклучувајќи и афтентични народни песни од Македонија со кои само се докажува дека сепак крвта не е вода и дека неговото потекло е од Македонија. Можеби наскоро ова младо момче ќе не изненади со албум посветен на македонската народна песна со изворни македонски народни песни.

Песната што тој годинава ќе ја изведе на “Пирин Фолк” во градот Сандански “Мајко моја” е биографска, пишувана само за него. Тој во песната пее за заминувањето од својот роден крај Прилеп, оставјќи ги своите родители и најблиски за да замине на друго место за подобро утре. Тој заедно со својот татко пред неколку години сними дуетска песна, додека годинава решава да ја изненади мајка си со песна посветена на неа и учество на еден од најпознатите музички фестивали на Балканот “Пирин Фолк”. Музика на неговата најнова песна со која треба да настапи на фестивалот е на Бобан Мојсовски, додека текстот на Огнен Неделковски.

Годинава “Пирин Фолк” ќе се оддржи од 28-ми до 30-ти август во градот Сандански, соседна Бугарија.

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com