Фестивали

Децата од „Дајте музика“ се дружеа со албанската претставничка Ана Ѓебреа

До 19-тиот избор за песна на Јуниорската Евровизија има помалку од еден месец, а подготовките се во полн ек за големиот ден на 19-ти декември 2021 година во Париз.

Иако пред неколку дена беа откриени последните учесници, децата-пејачи се чини дека веќе се во контакт еден со друг, како што покажа 12-годишната Ана Ѓебреа, која ќе ја претставува Албанија. Таа објави на Инстаграм , дека се сретнала со бендот „Дајте Музика“, кои ја претставуваат Северна Македонија.

Ана во својата објава вели дека се запознала со новите пријатели во Скопје. Дури и пред да се одржи натпреварот во Париз, можеме да бидеме сведоци на здружување на деца од цела Европа, што е за цел Детска Евровизија. Албанската претставничка во Скопје дошла по покана на МРТ а како дел од нејзината промотивна турнеја.

И „Дајте музика“ и Ана Ѓебреа на Евровизија доаѓаат со важни пораки. Додека македонската група пее за животната средина и за тоа како треба да ја заштитиме земјата, песната на Ана е за застанувањето покрај некој што е малтретиран.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....