Дизајнерот на звук Грег Малканџи одржа мастерклас на „Браќа Манаки“ (Фото)

Грег Малканџи, дизајнер на звук (sound designer) од Англија, го одржа третиот мастерклас на годинешното 42-ро издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Малата сала на Домот на културата во Битола, насловен „Синергијата на звукот и филмската слика“.

Малканџи студирал во Лондон на еден од најдобрите европски музички конзерваториуми во Европа, и кариерата во 80-те ја започнал како оркестарски музичар, настапувајќи со лондонски оркестри и легендарни диригенти како Леонард Бернштајн, Бернард Хајтинк… Во почетокот на 90-те започнал да компонира музика за филм и ТВ, а неколку години подоцна се заинтересирал за дизајн на звукот и го специјализирал тој сегмент од филмската продукција.

Малканџи веќе неколку години живее и работи во Скопје – или од Скопје, бидејќи неговото студио за постпродукција на звук „Darkside Audio“ во денешната глобална вмреженост работи на филмови од целиот свет – остварувајќи ја замислата да понуди професионалност и квалитет во постпродукцијата на звукот по цени кои се пониски од стандарните комерцијални стапки, кои можат да си ги дозволат и филмски проекти со микро-буџети.

Малканџи ги воведе посетителите на неговиот мастерклас со кратката историја на појавата и развојот на звукот во филмот, од пионерските чекори на звучниот филм во 20-ти години на минатиот век со користење на големи оркестри, преку иноваторите на филмскиот звук како Алфред Хичкок (во филмот „Ребека“) и Орсон Велс („Граѓанинот Кејн“) и нивните наследници – Стивен Спилберг, Џорџ Лукас и останатите филмски автори, меѓу кои го издвои австралискиот режисер Питер Вир заради посебниот начин на кој е дизајниран звукот во неговите филмови.

Малканџи посочи дека филмските режисери, следејќи ја основната замисла да направат забава, но не и само забава – секогаш се исправени пред предизвикот да ги дизајнираат вистинските „мерки“ на обликот на сликата и звукот.

“Режисерите и со мали буџети можат да постигнат професионални стандарди”, вели Малканџи и ги охрабрува филмските продуценти и автори.

Малканџи вели дека дизајнот на звукот функционира на тој начин што „манипулира“ со свеста на гледачите, користејќи ги шумовите и звучните ефекти. На посетителите на мастеркласот им ја ја претстави споредбата на оркестрираните звуци и музика произведени на класичен начин, и постпродукциските алатки на своевидниот дигитален „оркестар“. Во дигиталната постпродукција на звукот тоа се дијалогот, foley (звуци и шумови кои ги прават луѓетододадени во постпродукцијата на филмот, наречени според иноваторот на нивната примена, режисерот Џејмс Фоли/James Foley), и звучните трикови (SFX) градирани како Hard SX и Back FX.

Потоа низ низа извонредно илустративни примери, преку анализа на кадар по кадар на видео инсерти од филмови, Малканџи на гледачите им ја презентираше техниката и „филозофијата“ на користењето на звуците во постпродукцијата, со цел да постигнат синергија со филмската слика.

Подготви: Филип Етмишовски

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com