Фестивали

ЕБУ се огласи за скандалот: Победникот на Евровизија не “шмркал“ туку собирал скршена чаша

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) се огласи по скандалот кој се прошири на социјалните мрежи, а се однесува на наводно конзумирање дрога од страна на фронтменот на „Måneskin“ во т.н. зелена соба. Имено кратко пред прогласување на победникот, камерите го снимија пејачот Damiano David во сомнителна положба, која наликува на консумирање дрога.

„Свесни сме за шпекулациите околу видео клипот на италијанските победници на Евровизија, синоќа во Зелената соба. Бендот силно ги демантираше обвинувањата за употреба на дрога и пејачот ќе направи доброволен тест за дрога откако ќе пристигне дома. Ова беше побарано од нив синоќа, но не можеше веднаш да се организира од ЕБУ. Бендот, нивниот менаџмент и шефот на делегацијата не информираа дека нема никаква дрога во Зелената соба и објасни дека на нивната маса им било скршено стакло и пејачот го расчистувал. ЕБУ може да потврди дека искршеното стакло е пронајдено по проверка на лице место. Ние сè уште внимателно ги разгледуваме снимките и навремено ќе излеземе со дополнителни информации“, се вели во соопштението од ЕБУ.

Можеби ќе ве интересира: