Фестивали

Eден од најистакнатите млади бендови од Балканот на „БОГ 2023“

Продолжуваме со музичката програма на „Битола отворен град 2023“. За големиот концерт во сабота (24 јуни) објавен е уште еден атрактивен бенд.
„Репетитор“, гаражно рок/пост-панк трио од Белград, Србија, несомнено се еден од најистакнатите млади бендови од Балканот. Со нивните три албуми, „Sve što vidim je prvi put“ (Одличан Хрчак, 2008), „Добродошли на океан“ (Moonlee Records, 2012) и Gde ćeš (Moonlee Records, 2016), „Репетитор“ едноставно се најде на врвот на топ-листите и не доби ништо друго освен високи критики. „Репетитор“ до сега има реализирано 4 европски турнеи, се појави на многу фестивали низ Европа (Sziget, Exit, Eurosonic, Pohoda, Europavox, Rock For People, Loftas, Stereoleto, INmusic, Waves Vienna, Botanique, etc) , па дури и Кина и Москва. Време е да го видиме овој бенд на голема сцена во Битола.

Можеби ќе ве интересира: