Фестивали

Ексклузивно: Ацо Пејовиќ, Милица Павловиќ, Пајак, Реља, Некст Тајм… дел од „Тиквешки гроздобер 2024“ (Фото)

Како што ексклузивно дознава музичкиот портал Музика24, пред само неколку дена на 43-та седница на Советот на Општина Кавадарци меѓу останатите точки изгласана е и програмата за најновото издание на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ кој што годинава ќе се одржи на 6-ти, 7-ми и 8-ми септември и истиот ќе биде подржан со седум милиони денари од Општина Кавадарци, додека останатите сретства ќе бидат обездбедени преку донации од локалните произвотствени капацитети и компании.

Познати македонски и балкански музички имиња и годинава ќе ги забавуваат кавадарчани, а и сите останати кои овие неколку дена ќе бидат гости на Тиквешкиот гроздобер, истовремено пробувајќи чашка-две добро македонско вино, добро одлежана ракија и вкусна и незаборавна скара.

Ацо Пејовиќ, Милица Павловиќ, Лара, Пајак, Реља, Некст Тајм, Милица Ризо, Барбара Поповиќ… се само дел од имињата кои ќе настапат годинава во културно-забавниот дел од манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2024“. Како што е наведено во програмата и оваа година нема да изостане централниот дел – карневалското дефиле.

Како и изминатите години, така и оваа, како организатор на „Тиквешки гроздобер“ се појавува Иноватива Груп од Скопје (продукцијата на Сања Николиќ и Слаткар) кои после минатогодишниот скандал со новинарите (спречување и забрана во вршење на работа) за време на концертот на Лепа Брена, се надеваме и веруваме дека годинава ја научија лекцијата и знаат како и на кој начин треба да се однесуваат со седмата сила.

Можеби ќе ве интересира: