Ексклузивно: Првите впечатоци и детали од првата проба на Васил во Ротердам (Фото+Видео)

Деновиве во Ротердам, во тек се првите проби на сите учесници. Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев, денеска беше на распоредот за својата прва проба на евровизисиката сцена. Од првата проба може да се заклучи дека Васил ќе биде сам на сцената, а целиот перформанс ќе биде прилично минималистички во најголем дел од настапот кој трае 3 минути. Сепак, нашиот евровизиски тим ќе ги искористи некои од техничките и визуелни ефекти што ги дозволува сцената на арената „Ахој“.

“Отворaњето е доста моќно, но губи “пареа“ на околу половина од настапот. Васил е сам на сцената, полусветлен од страната, во стилот на Phantom of The Opera. Неговото срце свети златно, а златните бои се движат низ неговите вени за да му го осветлуваат телото додека пее. Пред последниот рефрен, тој ја откинува кошулата за да открие штит како диско топка. Има навистина интересни идеи, но некако неуредно и разединето. Не е најдобрата прва проба за Македонија. Сепак, Васил изгледаше навистина среќен што конечно беше на сцената во Ротердам“, вели Оливер од wiwibloggs.com

Во продолжение видео од првата проба на Васил.

Фото: wiwibloggs.com

Повеќе на Музика24...

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com