Фестивали

Ексклузивно: Тијана Дапчевиќ влегува во трката за српски преставник на Евровизија

Српската национална телевизија (РТС) пред неполна недела го откри списокот на изведувачи кои се натпреваруваат на националниот избор „Песма за Евровизија 22“, а пред два дена беше откриено дека еден од изведувачите Стефан Здравковиќ (Принц од Врање) нема да се натпреварува на шоуто. РТС пред малку откри дека Тијана Дапчевиќ, која ќе ја изведе „Љуби, љуби довека“.

“Сакам да ве информирам дека песната што ја испратив на конкурсот на РТС за „Песна на Евровизија“,чија музика и текст ги напишав јас, нема да биде интерпретирана од Стефан Здравковиќ (Принц од Врање), бидејќи се откажа поради несоодветниот распоред на подготовка и реализација на фестивалот. па решив таа песна да ја изведе Тијана Дапчевиќ, со текст прилагоден на женски изведувач, а сега насловот е „Љуби, љуби , довека“, изјави леонтина вукомановиќ.

Тијана Дапчевиќ веќе се натпреваруваше на „Беовизија“ во 2006 година со песната „Грех“ и заврши на осмо место, а подоцна ја претставуваше Македонија на Евровизија 2014 со песната „To The Sky“ со која таа го заврши натпреварот на 13-то место со 33 бода во второто полуфинале.

Можеби ќе ве интересира: