Фестивали

Евровизија в година добива своја американска верзија

За прв пат следната година ќе се одржи американската верзија на најпопуларната музичка манифестација во Европа – Евровизија.

Се работи за адаптација на Евровизија на која ќе учествуваат претставници на сите 50 американски држави, пет американски територии (Американска Самоа, Гуам, Северните Маријански острови, Порторико и Девствените острови) и Вашингтон Д.Ц. „American Song Contest“ ќе се емитува на NBC, а ќе се состои од неколку квалификациски рунди, проследени со полуфинале и големо финале во кое победата ќе ја однесе една од американските држави или територии. Победничката песна ќе биде прогласена за „Најдобра оригинална песна“.

„Евровизија е најголемиот музички настан во живо во светот и голема чест е да го донесеме во САД и да го трансформираме нашиот сон за „American Song Contest“ во реалност, токму на NBC. Возбудливо е да се застане на почетокот на создавањето на американското колективно наследство.“ – велат организаторите.

Американскиот натпревар ќе ги комбинира натпреварувачкиот дух, заедно со епски настапи што ќе ги запознаат гледачите со музичките култури што ја сочинуваат Америка. Натпреварот е отворен за сите музички стилови: рок, рап, поп, R&B па се до кантри музика.

Можеби ќе ве интересира: