Евровизиската “Молитва” ја расплака цела Европа (Фото+Видео)

Пред само неколку дена, пред одржувањето на специјалната емисија по повод Евровизија, музичкиот портал Музика24 објави дека Марија Шерифовиќ како претставник од Србија ќе го промовира видеоспотот за песната “Молитва” со која таа победи во 2007-та година, а веќе следната 2008-ма Евровизија се одржа во Белград.

Видеоспотот кој е снимен за време на полицискиот час, Белград го прикажува во едно сосема поинакво светло. Оваа емотивна песна конечно доби и емотивно и со љубов подготвено видео на кое што за време и по неговото премиерно емитување Европа се расплака. Празни улици, медицински сестри со скафандери и заштитна опрема, исплашени луѓе, деца со маски… се само дел од кадрите на овој видеоспот. Многумина велат дека ова е потресен видеоспот кој никој не би останал ромнодушен гледајќи го истиот.

Инаку, Евровизија за прв пат од нејзиното постоење е откажана поради коронавирусот и пандемијата која што беше прогласена на светско ниво. Погледнете го видеото кое што емотивно ќе ве размрда и ќе ве потсети на деновите и моментите кои сите ние ги доживеавме пред извесен период.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.