Фестивалот на музика од светот оваа година само со домашни артисти (Фото)

Центарот за култура – Битола денес на прес конференција и официјално го најави Фестивалот на музика од светот. Поради условите наметнати од пандемијата со Ковид-19, оваа година на фестивалот наместо странски артисти ќе настапуваат само домашни и локални артисти.

„Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно, зошто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома“, изјави директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска – Илијевски.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Фестивалот почнува со музичко-сценски перформанс „Патеки“ во античкиот театар на Хераклеа на 18-ти септември. На првата фестивалска вечер ќе настапи Камерниот оркестар на Битола во придружба на Дарко Нешовски, Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска и Тамара Стојковска. Во актерскиот дел ќе учествуват дипломирани актери од Битола: Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов, кои сеуште не се вработени во ниту еден театар.

На 19-ти септември ќе се одржува т.н. ОФФ програма во битолските локали „Интермецо“ и „Порта џез“. Фестивалот ќе се затвори на 20-ти септември со концерт на  гитаристот Владимир Четкар во Пациото на Н.У. Завод и Музеј – Битола.

Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com