Фестивал на музика од светот од 18-ти до 20-ти септември во Битола

Од 18-ти до 20-ти септември во Битола ќе се одржи 12-то издание на Фестивалот на музика од светот.

„Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно, зошто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома“, велат од Центарот за култура – Битола.

Во продолжение Ви ја пренесуваме програма по денови:

  •  18-ти септември –  музичко-актерски перформанс „Патеки“. Во изведба на Камерен оркестар на Битола со солистите Дарко Нешовски, Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска. И актерите Анастасија Христова, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов, а во режија на Јован Ристовски. Локацијата е Хераклеа, почеток во 19.30 часот.
  • 19-ти септември – ОФФ програма и тоа во „Интермецо“ – пладневна програма, во „Порта Џез“ – вечерна програма.
  •  20-ти септември –  Концерт на Владимир Четкар. Локација – Пацио на Н.У. Завод и Музеј – Битола, почеток 19.30 часот.

Влезниците за настаните на 18-ти и 20-ти септември се по цена од 200 денари. Концертите и настаните ќе се одржат по сите протоколи кои се предвидени за вакви настани. На настаните е задолжително почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД -19: мерење на температура при влез, носење на маска, дезинфекција на рацете и држење на физичка дистанца.

Организаторот го задржува правото да ги отстрани од настанот лицата кои нема да ги почитуваат протоколите. Продажбата на билети ќе започне со официјална најава на почеток на идната недела. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и „Кромберг & Шуберт“.
Повеќе на Музика24...

Остави коментар

Вашата маил адреса нема да биде објавена.

www.revanger.com www.erguvanhaber.com www.erzurumozelders.com www.tekirdagtabldot.com www.gebzesaadet.com www.balikesiryenihaber.com www.ucanbalonmugla.com www.aymaras.com www.buyukorduhaber.com www.ambushm.com www.trabzonpostasi.com www.yalovaradyotv.com www.internetedirne.com www.duzcepark.com www.butuncanakkale.com www.ssgolfhotel.com www.ispartaradyonet.com www.tokathaberi.com www.tokathabersitesi.com www.escortlarrize.net www.sivashbr.net www.sivashaberci.com www.manisaotolastik.com www.yeniyasamgorukle.com www.alanyamado.com www.manavgatx.com